58 милиони долари отштета за мажот кој остана без една четвртина од черепот

Калифорниски суд на молерот Антониот Лопес Чах му пресуди оштета од 58 милиони долари затоа што во тепачка во бра се здобил со повреда на черепот и тешки повреди на мозокот, соопшти весникот „Лос Анџелес тајмс“, цитиран од ДПА.

Лопес Чах (43) бил претепан од обезбедувач на барот, кој немал лиценца за оваа професија. Се се случило откако Чах се обидел да ја запре тепачката меѓу своите роднини и барменот, во април 2010 година.

Лекарите по тепачката биле принудени да отстранат дел од черепот и мозокот, а на снимки се гледа дека черепот на мажот е тешко деформиран.

Според сослушувањата во судот обезбедувачот го удрил повеќе пати со палка, го клоцал во главата и главата му ја удирал од земјата.

Чах веќе не може да зборува, а сериозноста на повредите значат дека тој може и воопшто да не ја разбере одлуката на судот, изјави неговиот адвокат.

Правниот застапник, по читањето на пресудата за предметот притив фирмата за обезбедување, изјави дека на својот клиент му објаснил дека ќе се грижат за него во текот на остатокот од неговиот живот.

-Како што гледате му фали 25 проценти од черепот, рече адвокатот.

Пресудата вклучува 11,5 милиони долари за идните медицински трошоци, 35 милиони долари за веќе претрпените болки и страдања и 11 милиони долари за идните болки и страдања.

најчитано сега