Семејна трагедија: Маж си ја убил сопругата со чекан, па си забил нож во врат

Во страшна семејна трагедија која минатата ноќ се случила во селото Цветојевац во близина на Крагујевац, шеесет и девет годишниот Милосав Живковиќ ја убил сопругата Љиљана (67), а потоа извршил самоубиство.

Како што дознава српски Курир, Милосав сопругата ја убил со удар со чекан во глава, а потоа сам себе си нанел смртоносен убод со нож во врат.

Нивните тела се пронајдени утринава од страна на соседите.

Увидот на полицијата е во тек.

 

 

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа