Голема акција на грчката полиција - запленети 38 килограми кокаин и хероин

Грчката полиција во две одделени акции запленила 38 килограми кокаин и хероин, при што уапсила двајца грчки и шестмина албански државјани.

Во првата акција биле запленети 15 килограми кокаин, пронајдени во автобус кој сообраќал на релација Тирана-Атина. Дрогата била скриена во багажникот на автобусот, кој, според созанијата и претходно транспортирал дрога. При контролата полицијата зпаленила и околу 29.000 евра, како  и девет мобилни телефони. Полицијата ја продолжува истрагата, бидејќи се сомнева дека во шверцот на кокаинот се вмешани и други лица.

Во втората акција, грчката полиција во соработка со американската служба ДЕА разбила албанско-грчка нарко група, која се занимавала со шверц на хероин. Уапсени се двајца грчки државјани на возраст од 43 и 53 години, како и четврица албански, на возраст од 25, 26, 27 и 30 години, при што се запленети 23 килограми чист хероин.

Дрогата требала да стигне до Италија.

ФОТО: Телма

 

најчитано сега