Планинари од Македонија се качија на Триглав

Осум планинари од спортско-планинарското друштво „Орле” од Кавадарци се искачија на врот Триглав нa планинскиот масив Јулиски Алпи во Словенија, висок 2.864 метри надморска височина, информираше денеска претседателот на друштвото Никола Минчоров.

- Ова е уште еден успех на друштвото кое постои од 1961 година. До крајот на годината но и во иднина планираме уште неколку интересни акции со искачување планински врвови во земјава и странство, рече Минчоров, пренесува МИА.

Во искачувањето учествуваа планинарите: Александар Чадамов, Даница Стојановска, Александар и Никола Илиеви, Милан Колев, Панче Тотов, Влатко Димитров и Александар Атанасов. 

 

 

Оцени ја веста

18.07.2015 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега