Нема кој да ја пишува економската програма на СДСМ!

СДСМ освен што се соочува со се поголемото незадоволство кај членовите за потпишаниот договор, сега се соочува со уште еден голем проблем, кој економски експерт ќе им ја пишува економската програма.

После официјалната оставка на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, економскиот тим во СДСМ е растурен. Имено Узунов  пред неколку дена во својата колумна за Утрински весник најави дека ќе се повлече од политиката, а вчера тоа и го направи. Според познавачите оваа одлука Узунов ја донел како резултат на несогласувањата со Зоран Заев околу стратегијата на СДСМ, а чашата ја прелила анктетата на ИРИ во која се гледа дека ВМРО ДПМНЕ и понатаму има двојно поголема предност пред СДСМ и покрај 6 месеци пуштање т.н бомби.

Освен професорот Узунов, од СДСМ веќе подолго време се има дистанцирано и Зоран Јовановски, кој важеше за еден од најкомпетентните економисти во СДСМ. Ако на ова се додаде дека и Игор Ивановски Шема, од економскиот факултет, се пасивизираше по доаѓањето на Зоран Заев, тогаш се поставува прашањето кој компетентен економист ќе му ја пишува програмата на СДСМ на престојните избори. И Јовановски и Ивановски беа маргинализирани во СДСМ, затоа што му беа противкандидати на Заев за лидерското место во СДСМ

Токму затоа, велат нашите извори, во редовите на СДСМ владее видна нервоза и загриженост, бидејќи на 9 месеци до изборите во април, СДСМ нема ниту П од програма за економски развој на Македонија, а и тимот кој треба да ја составува е десеткуван. Според нив, Заев кампањата или ќе ја води со набрзина и нереално составена економска програма, или ќе мора да води исклучиво негативна кампања, со политички флоскули и деструктивна политика во време на предизборието.

Ваквата стратегија на СДСМ досега се покажала како погубна, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ изминатите години пред граѓаните излегуваше со конкретна програма, проекти и рокови, како и отчет за сработеното и тоа им донесе 9 изборни победи по ред.

 

 

Оцени ја веста

17.07.2015 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега