ФОТО: Започна асфалтирањето на втората фаза од делницата Велес - Кадрифаково

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска изврши увид во градежните работи на патниот правец Велес-Штип (Кадрифаково), на потегот кај село Мамутчево.

- Станува збор за нов експресен пат што го гради Владата на Република Македонија. Како што можете да видите позади нас денеска започнуваме со асфалтирање на втората фаза на овој експресен пат. Градежните активности се во полна динамика, постојано се работи и очекувам дека до првата половина на 2016 година комплетно ќе биде завршен овој експресен пат. Станува збор за пат, 26 километри, во вредност од 15 милиони евра. Мене ми претставува особена чест што сите градоначалници кои што се денеска со мене го поддржуваат овој проект, ќе се раздвижи овој регион и сите граѓани од овој регион ќе добијат голема придобивка, рече министерот Мисајловски.

Тој нагласи дека со овој експресен пат ќе се скрати времетраењето на самото движење на автомобилите и ќе се добие една модерна и нова делница.

-Освен овој автопат односно овој експресен пат што го градиме исто така го градиме и автопатот Миладиновци-Штип, а таму сме преку 85 отсто во пробиена траса. Исто така сакам да ги информирам сите граѓани дека очекувам наредниот месец да се потпишат договори за пет нови регионални правци. Станува збор за Дојран-Николиќ, Мокрино-Смолари, Брвеница-Чегране, Ресен-Буково и Ново село- Маврово- Дебар. Така да Македонија ќе добие нови преку 70 километри регионални патишта, нови, модерни со сигнализација како што доликува на секоја европска држава. Продолжуваме и понатаму да градиме и очекувам дека со уште позасилено темпо во наредниот период ќе видите како Македонија ќе ја изградиме со нови модерни и екпресни регионални и автопатни делници, рече Мисајловски.

Реконструкцијата на овој патен правец со вкупна должина од 24 километри започна во октомври 2013 година и се предвидува да заврши до крајот на годинава. Градежните работи чинат 15 милиони евра. Со реконструкцијата е предвидено да се зголеми широчиината на патот од 6,40 на 11 метри.

 

 

 

Оцени ја веста

17.07.2015 - 14:38
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега