Чанта од 60 евра во Грција се купува за 1 евро

Грчката криза ги натера трговците да издаваат фискална сметка само на евро. На тој начин тие плаќаат помалку данок. 

Во туристичкото место Ханиоти туристите можат да си купат гардероба и обувки за од  5 до 30 евра, но овие цени се само доколку платат во кеш.

Чанта  која чини 60 евра, продавачот ја нуди за 20 евра во кеш. На крајот пак се добива фискална сметка на износ од едно евро на кое за државата се одвојува 23% за ДДВ.

Слична е состојбата и во останатите туристички места ширум Грција, но и во Солун каде многу Македонци најчесто одат на шопинг.

Една скопјанка која деновиве сакала да купи даска за сурфање која чини 800 евра, продавачот и ја понудил во кеш за 500 евра.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега