Десет лица повредени во тешка сообраќајка кај Волково - Се судрија камион и приватна 22

Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 14 часот се случила кај железничкта пруга во Волково. Како што јавува репортерот на Press24, приватен автобус со број 22 се судрил со тешко товарно возило. Во несреќата повредени се возачот и совозачот во камионот и уште најмалку 8 патници во привтниот автобус. Се уште нема информации каква е нивната состојба, а според неофицијални информации, сите се прфрлени во Градската општа болница. Нашиот репортер јавува дека автобусот излетал од патот и влегол во дворот на спортската сала која се наоѓа во близина и притоа ја срушил оградата.
Се уште нема информации во каква состојба се повредените

најчитано сега