Муслиманите и се налутија на Јелена Карлеуша

 

Српската пејачка Јелена Карлеуша која пред неколку денови доживеа дебакл на Ушќе, со една своја песна ги навредила муслиманите, пренесе Кафе.ба.

Јелена Карлеуша на својот последен концерт пред десетина дена го навредила муслиманскиот свет бидејќи во нејзината песна насловена како Длабоко ранета таа употребила дел од Куранот.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ веднаш се формираше група која има околу 15.000 членови за да се покрене тужба против неа за навреда на Исламот бидејќи како што е познато не смеат да се користат делови од Куранот, а Јелена го направила токму тоа.

најчитано сега