Јавен повик за сите млади невработени лица

Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ неодамна објави јавен повик за млади/невработени лица кои сакаат да помогнат на старите лица за нивно активно користење на слободното време, во рамки на проектот: „Ние сме со Вас, финансиски поддржан од Град Скопје.

Цел на проектот е поттикнување на меѓугенерациската солидарност и волонтеризмот кај помладите за грижа кон постарите лица.

За таа цел, здружението „Доблест“ ја креира и првата електронска дата- база на невработени млади лица во Република Македонија кои имаат желба, интерес и волја за работа со стари лица, особено за оние кои сакаат да придонесат за нивна зголемена социјализација.

Пријавените лица на распишаниот повик, ќе имаат можност за посета на домовите за стари лица и давање свој активен придонес во реализација на понатамошните активности на нашето здружение.

Заинтересираните лица потребно е да го пополнат формуларот кој се наоѓа на веб-страницата www.doblest.mk, или на следниов линк:http://doblest.mk/%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8/

Визија на здружението „Доблест“ е создавање хумано општество со заемна помош, поддршка и почит на различните возрасни групи, со цел достоинствена старост на старите лица.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега