ВИДЕО: Тригодишно девојче болно од аутизам прави врвни уметнички дела
3 -годишното девојче Ирис Халмшоу боледува од аутизам, а обожава да слика, бидејќи со тоа ја подобрува својата концентрација и фокусирањето.
Нејзините слики се апстрактни и импресионистички. Многумина велат дека нејзините дела потсетуваат на славниот Моне.
- Кога лекарите открија дека Ирис пати од аутизам, клучно беше да пронајдеме нешто што таа би сакала да го прави. Ја однесов во игротека, но за неа тоа беше премногу стресно. Имаше напад и неверојатно голем излив на бес, ја гризеше устата додека не прокрвави. Затоа одлучив да ѝ направам игротека дома. Земавме голем број играчки, но таа еден ден почна да црта и тоа многу ја расположи“ – вели нејзината мајка, Арабела Картер Џонсон.
Ирси додека црта тоа ја смирува и сега сликањето е дел од нејзината терапија.