Субрата Рој следната недела се враќа во Македонија

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денеска остварил средба со претставници на проектот „Сахаријан Македонија“. на која се зборувало за активностите поврзани со реализацијата проектот.

Градоначалникот Бакрачески вели дека се надева дека целиот проект во Љубаништа ќе се реализира до 2020 година. 

-Добивме информација дека на 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува претседателот на Сахарија Индија Групацијата Субрата Рој и ќе имаме работна средба на која ќе добијам потполни информации околу сите работи поврзани со проектирањето и реализацијата на овој проект, за кој верувам дека активностите ќе се одвуваат во најдобар ред. и кој што до 2020 година ќе биде изграден, истакна Бакрачески.

Индијците побарале дополнителни 17 хектари, на кои ќе никнат сместувачки капацитети во кои ќе престојува персоналот кој ќе работи на комплексот.

-Во моментов се усогласува нашата законска регулатива, во поглед на добивање согласности за непречено одвивање на работите и се работи на идејниот проект од страна на архитектонската компанија Аткинсон од Лондон.Сепак ингеренциите за реализација на овој проект се во рацете на владата, истакна охридскиот градоначалник.

 

 

најчитано сега