Во сабота прва предматурска забава на отворено

Во Градскиот парк во Скопје во сабота во 12 часот ќе се одржи првата предматурската забава на отворено насловена како „Ѕвони за забава“. 

Забавата е замислена како училиштен ден со седум часа, на кој класни водители ќе бидат Ненад и Ксенија. Предавачи по македонска забавна музика ќе бидат ексклузивците на продукцијата „Горила“ Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска, Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, часови по странска музика ќе одржат диџеите Dela и Branchez, а часот по танцување ќе го одржат предавачите од студиото за модерен танц „Бреак а лег“.

- Сметаме дека ваквиот вид забава чија целна група се матуранти и средношколци е неопходна за овој период на предматурски подготовки. Тинејџерите обожуваат да се забавуваат и квалитетно да го поминат нивното време. В сабота, освен што ќе понудиме квалитетна забава, присутните ќе ги изненадиме со многу подароци, ќе делиме ваучери за попуст, ќе ги информираме матурантите за можностите по кој пат да чекорат во нивниот живот, кога станува збор за нивното образование, информираат од организацискиот тим на „Ѕвони за забава“.

 

најчитано сега