Експлозија во Сараево

Засега непознати сторители фрлиле бомби пред два угостителски локала во источно Сараево.

Биле фрлени три бомби од кои една експлодирала нанесувајќи помала материјална штета, објави во саботата портпаролката на Центарот за јавна безбедност на Источно Сараево, Данка Тешиќ.
Бомбите биле фрлени ноќта кон саботата, околу 1,30 часот по полноќ, а двете кои не биле активирани ги отстраниле припадници на Републичката управа на Цивилната заштита на ентитетот Република Српска кој има надлежност врз источниот дел од босанскохерцеговската престолнина Сараево, населен претежно со етничко српско население.

Агенцијата Срна добила потврда дека нема настрадани, како и дека полицијата ги собрала доказните материјали и дека, покрај еден од објектите биле оштетени и два автомобила паркирани во близина. Засега нема индиции за мотивите на бомбашкиот напад.

Сопствениците на локалите не сакале да го коментираат инцидентот, но истакнале дека немале проблеми со постојаните муштерии. Станарите на блиската зграда, пак, изјавиле дека се многу уплашени особено за безбедноста на нивните деца.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега