Боливија ќе му даде политички азил на Сноуден?

 

Боливија е подготвена да му даде азил на поранешниот соработник на ЦИА и НСА Едвард Сноуден, изјави денеска боливискиот претседател Ево Моралес во интервју за руската телевизија „Раша тудеј“.

- Секако дека ситуацијата во никој случај не е розова. Овој случај постојано се разгледува на меѓународно ниво. Боливија е подготвена да прифати лица, кои се откриени дека шпионираат, доколку ова може така да го наречам, рече тој.

- Не загрижува однесувањето на држави како САД. Замислете ја таа контрола и шпионажа што се врши на телефонските разговори. Знам дека големите држави имаат шпионски мрежи и се во постојан заговор против т.н. земји во развој. Особено против земји со природни ресурси како Боливија, Венецуела, Еквадор, нагласи Моралес. 

Поранешниот консултант на американското разузнавање испратил молби за политички азил во 21 држава, меѓу кои Русија, Исланд, Еквадор, Куба, Венецуела, Бразил, Индија, Кина, Германија и Франција, соопшти сајтот Викиликс.

најчитано сега