Мајка и син повредени во сообраќајката во Автокоманда

 

Мајка, син и еден тинејџер се повредени во сообраќајката која утринава се случи во скопската населба Автокоманда.

Според информациите до кои стигна порталот Курир, во несреќата биле повредени 48-годишната О.С. која управувала со „Пунтото“, нејзиниот 24-годишен син М.С. и 19 годишното момче И.Ќ. кој бил сопатник од „Мерцедесот“.

За среќа, ниеден од учесниците во сообраќајката не заработил потешки телесни повреди.

Сообраќајната несзгода се случи  утринава околу 8:15 часот на булеварот „Александар Македонски“. Во судирот учествуваа два автомобили и камион мискер.

најчитано сега