Ибрахимовиќ во Реал Мадрид за инает на Барселона

Поранешниот фудбалер на Барселона Златан Ибрахимовиќ, според француските медиуми, со цел да му се освети на „каталонскиот клуб“ затоа што беше избркан од Камп Ноу во 2011 година, е решен да потпише за Реал мадрид. 

Златан Ибрахимовиќ е топ тема во француските спортски медиуми кои денеска информираат за негова изразена желба да прејде од ПСЖ во Реал Мадрид, а една од причините е освета кон големиот ривал Барселона од која Швеѓанецот беше избркан во 2011 година.

- Ибрахимовиќ има голема желба да го напушти Пари Сен-Жермен и да потпише за Реал Мадрид. Тој дури се согласил за „Кралскиот клуб“ да заигра и за помала плата од сегашната, изјавил неименуван извор од францускиот шампион.

Според тамошните информации, парижаните се согласиле за Швеѓанецот да добијат 20 милиони евра за откупната клаузула. 

„Кралскиот клуб“ има намера во новата сезона да го симне тимот од Каталонија од тронот, а како идеално засилување во нападот гледа во голгетерските способности на Ибрахимовиќ. 

Анчелоти неколку пати токму Ибрахимовиќ го посочуваше како еден од најзаслужните за последните успеси на ПСЖ. 

најчитано сега