Три години затвор за Јован Вранишковски

Расчинетиот Владика на МПЦ, Јован Вранишковски, заработи 3 години затворска казна за случајот „Расколников“. Останатите 18 обвинети приврзаници на Вранишковски кои беа уапсени пред една година, заработија условни казни.

Обвинетите во „Расколников“ се товарат за перење пари. Според обвинението, тие се обиделе да ги пуштат во промет парите кои Вранишкоски ги проневерил од МПЦ и со нив да купат недвижен имот и земјиште.

Расчинетиот Владика на МПЦ претходно од велешкиот суд заработи 2 и пол години затвор за проневера на 250.000 евра пари на МПЦ.