Катастарските услуги сертифицирани со стандардoт ИСО 9001:2008

Подобар квалитетот на катастарските услуги според однапред дефинирани и стандардзирани процедури, предвидува  Сертификат за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандарот  ISO 9001:2008, според кој работи од денеска Агенцијата за катастар на недвижности.

На директорот на Катастарот Славче Трпески сертификатот му го врачи  Бошко Гавовиќ, директор на сертификациската куќа TMS CEE од Белград, членка на германската групација  TUV SUD. Нивен тим во март годинава во Агенцијата за катастар на недвижности изврши комплетна проверка на процесите и процедурите неоходни за сертификацијата.

- На добивањето на сертификатот претходеше повеќемесечна посветеност на вработените во Агенцијата за усогласување на процедурите и работните процеси, согласно  ISO стандардите. Преку овој сертификат Агенцијата пред се ќе го подигне нивото на услугите на нашите корисници, според однапред дефинирани и стандардзирани процедури, рече Трпески.

Тоа, истакна, не значи дека е завршена работата во делот на подбрување на услугите, туку напротив претставува поттик за натамошно подбрување на услугите кон граѓаните.

Според Гавовиќ, со исполнувањето на условите за добивање на сертификатот Агенцијата за катстар на недвижности покажала дека се грижи за своите корисници и услугите кон нив.

Сертификацијата претставува обврска согласно Законот за управување со квалитет и заедничка рамка за процена на работењето и  давањето услуги во државната служба, усвоен  во мај годинава. 

FOTO> Vlada

најчитано сега