Земјотрес од 6 степени ја стресе Индонезија

 

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на индонезискиот остров Суматра.

Епицентарот на земјотресот бил на 188 километри југоисточно од Банда Ацех, главниот град на провинцијата Ацех.

Се уште нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Не е издадено предупредување за појава на цунами.

најчитано сега