Стопанската комора на Македонија на Светскиот конгрес во Катар

 

Бизнис делегација на Стопанската комора на Македонија од 22. до 25-ти овој месец учествува на 8. Светски конгрес на коморите во Доха, Катар.

За време на тридневната манифестација, на 18 практични работилници се презентираа иновации и нови услуги, со цел да се зголеми експертизата  и како  да се подобри работењето на коморите.

Настанот се одржува под покровителство на емирот Неговото Височество Шеикот Хамад бин Калифа Ал-Тани. Домаќин на Конгресот е Комората за трговија и индустрија на Катар.

Претседателот на Меѓународната трговска комора Жерард Вормс, на отворањето на 8. Светски конгрес на коморите, повика на зближување и обединување на бизнис-заедницата од целиот свет, со цел да се направи поголем притисок врз владите за да се носат позитивни одлуки во текот на оваа година.

најчитано сега