„Мерцедес“ „Пунто“ и камион се скршија кај Континентал во Скопје - три лица завршија на Ургентен

Три лица утринава биле тешко повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Според досегашните информации, повредените биле итно пренесени во скопскиот Ургентниот центар, но, нивната здравствена состојба сеуште не е позната.

Според порталот Курир, несреќата се случила утрово околу 8:15 часот на булеварот „Александар Македонски“ кај општина Гази Баба, помеѓу два автомобили, „Мерцедес“ и „Фиат Пунто“, и еден камион.

Сеуште не се познати причините за несреќата, ниту идентитетот на повредените.

 

најчитано сега