Страшно: 13 години живеел како роб - спиел во подрум опкружен со глувци
Триесетгодишниот Дарел Симестер исчезнал кога како мал бил на одмор со своите родители во Велс и оттогаш никој никогаш повеќе не го видел.
Дарел бил чуван како роб од страна на едно семејство и бил приморан да работи од утро до мрак. Тој буквално живеел како затвореник на една фарма за коњи. 13 години не му било дозволено да оди на доктор, спиел во подрум опкружен со глувци и никогаш во текот на 13 години немал слободен ден.
Тој секој ден се плашел за својот живот и за тоа што ќе му се случи ако не послуша некоја наредба од монструозното семејство.
Дарел бил случајно спасен откако една жена го препознала. Неговите родители никогаш не се откажале од потрагата по него.