Пратениците денеска со полни раце работа

Денеска во македонското Собранието, седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет, додека пратеникот Павле Саздов ќе оствари средба со претставници на Германскиот Маршалов фонд на САД.   

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика, во второ читање, додека на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, исто така во второ читање. 

најчитано сега