Детали за трагедијата: Ќерка се удави пред очите на својата мајка

Милана Ковачевиќ во понеделникот се удави во Дунав пред очите на нејзината мајка Снежана, во Србија.

Милана со мајка и, соседката и кучето излегле да се шетаат на Дунав, каде изнајмиле сплав. Девојката одма влегла во водата со кучето и пријде кон дрвениот сплав, а нејзината мајка и соседка зеле чамец за да стигнат до него. Кога Милана, пливајќи, стигнала до сплавот се качила на него и повторно скокнала во водата, која на тоа место не била подлабока од три метри.

Двете жени седеле на сплавот, а девојката останала во вода кога очевидец слушна како некоја од жените вика:

„’Милана, излези, испливај, немој да ме зезаш!’ Погледнав и видов на три метри од сплавот девојка. И видов дел од грбот, главата и беше потоната, не видов дека мрда“, кажува очевидецот.

По телото на 26-годишната девојка сеуште се трага.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега