Пукање на Пластичарската улица во Скопје

Истрели од пиштол утрово околу 3:30 часот ги вознемириле жителите на улицата Пере Тошев во близина на Пластичарската улица во Скопје. Како што информира полицијата, 58 годишниот Е.Б. додеа го чистел фризерскиот салон Лејла, му пришле три маскирани лица вооружени со пиштол, при што едното од нив со кудналот го удрил во пределот на главата, а другите две лица почнале да пукаат во воздух, по што заминале од местото. Од полицијата велат дека нивна екипа извршила увид и дека се превземаат мерки за целосно разчистување на случајот

најчитано сега