Метеоролозите предупредуваат: Температурите утре до 40 степени
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а дневната од 30 до 40 степени.
Во Скопје слично време, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 39 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
И во четврток времето ќе биде многу топло. Попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален повремено пороен дожд и појава на грмежи.
Во петок дневната температура ќе се спушти за три до четири степени и ќе се движи од 25 до 36 степени. Во сабота времето повторно ќе биде стабилно и потопло.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа