ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Хорор во зоолошка: Тигар му ја одгриза раката на 2-годишно дете

Во зоолошката градинка во Кина, се случил хорор, каде Бенгалски тигар нападнал 2-годипно дете при што му ја одгризал раката.

Детето, чие име не е објавено, било покрај стаклената површина од кафезот на тигарот. Во еден миг, од непознати причини, детето успеало да ја протне раката низ мал процеп.

Тоа било доволно за тигарот да го зграпчи детето и да му ја откине раката, пред кој било да може да направи нешто.

2-годишното дете веднаш било пренесено во болница.

На родителите им било забрането да зборуваат за инцидентот. 

И покрај тоа, светските медиуми алармираат на тоа дека голем дел од кинеските зоолошки не внимаваат на безбедноста.

Неодамна, деветгодишно дете остана без рака, додека се обидувало да нахрани мечка во една од кинеските зоолошки градини. Мечката исто така му ја одгризала раката.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега