Се има се може - пејачката Верица ќе потроши 10.000 евра за одмор летово

Пејачката Верица Пандиловска за весникот Вечер открива дека нема да штеди за летен одмор годинава. Таа вели дека за луксузен одмор годинава заедно со сопругот, планираат да потрошат 10.000 евра. Планот е некоја од земјите во арпаскиот свет.
„Работиме напорно за да трошиме. За луксузен одмор со се се вклучено, од чартер лет, до хотел со 5 ѕвездички, тоа би чинело многу пари, особено ако се работи за арапскиот свет, кој оваа година е моја летна дестинација. Да не претерам, но ќе отидат 10.000 евра. Ако сакаш убаво и луксузно, нема да најдеш евтино. Заработуваме со мојот сопруг, па можеме да си дозволиме и да потрошиме“ - вели Пандиловска за Вечер