ФОТО: „На небото ќе има уште еден ангел" - ова е мајката за која сите стравуваат дека ќе го убие синчето

Полицијата во Хрватска интензивно трага по 29-годишната Ивана Фогадиќ и нејзиниот петгодишен син Патрик. 

На крајот на денот, секогаш оставам насмевка за да ја сокријам болката пред другите. Оваа насмевка е сигурно последната таква насмевка. Нема никогаш повеќе така да се смеам. На почеток сакам да им се извинам на моите родители за секоја непреспиена ноќ и за секој преживеан страв кој им го донесов. Немојте да се лутите за ова што ќе го направам и немојте да плачете…

Ова е дел од прошталното писмо кое на својот Фејсбук профил го објавила 29 годишната Ивана Фогадиќ од Чаковец, која исчезнала синоќа околу 2 часот по полноќ, заедно со својот петгодишен син Патрик. Таа го земала своето синче и со автомобил марка “опел астра” заминале од својот дом. Полицијата ја започнала истрагата утрово но се уште нема ни трага ни глас од мајката и детето.

-Жал ми е стари, но ги потроши сите шанси. Ти посакувам убав живот и се надевам дека ќе најдеш некоја која ќе биде среќна покрај такво ѓубре од човек…и убаво да си поминеш на одмор. И за крај ве молам да ми простите и не жалете по мене…нема причина. Во животот се направив како што сакав, но сега одам на подобро место, подобро за мене. Мојата единствена среќа, мојот син не заслужи ништо од ова, но сепак ќе тргне со мене, само до делот каде патиштата ни се разделуваат. На него таму ќе му биде многу поубаво. Знајте дека ќе има еден прекрасен мал анѓел со кафени очи кои весело ќе си игра на облаците и кој ќе ве набљудува сите. Ќе се смее на глас од срце како што тој најслатко тоа го прави, напишала Ивана во прошталното писмо.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега