Косовски кик-боксер убиен како член на ИД

Кик-боксерот од Косово Валдет Гаши е убиен во Сирија како член на групата „Исламска држава“, јавуваат медиумите во Приштина. пренесува МИА.

Валдет Гаши (29) се приклучил на ИД во јануари минатата година. Минатиот месец тој во телевизиско интервју изјави дека се обидува да создаде модерен калифат во Сирија. 

- Ако умрам правејќи добро, со сигурност ќе бидам среќен, изјави Гаши во интервјуто. 

Гаши е убиен на 27 јуни, а информацијата ја објави неговиот брат на својот Фејсбук профил

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега