ОО ГРОМ Струмица: Заев да поднесе оставка, граѓаните не се должни да ги плаќаат неговите мегаломански соништа

Од партијата на Стевчо Јакимовски во Струмица побараа оставка од струмичкиот градоначалник Зоран Заев, откако тој денеска напладне не се јави кај надлежен судија во Основниот суд во Струмица.

-Господине Заев сакам јасно и недвосмислено да ни кажете, бидејќи пред правосудните органи тука имате поднесено тужба против мене, дали тоа значи дека јас треба да ги почитувам насоките на градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ и да самопрогласам јавна непочит на судот или не“, вели Сашо Милковски, претседател на ОО на ГРОМ во Струмица.

Од ГРОМ прашаа дали Заев е градоначалник кој ги сака институциите на власт или опозиционер демагог кој не почитува ништо и и како што велат уривал се, додека не дојде на власт.

Според Милковски струмичкиот градоначалник бил опозиционер кој диктира анархија и безаконие како светла иднина за Македонија.

Тој  побара од Заев да си поднесе оставка бидејќи како што истакна, граѓаните не биле должни да ги плаќаат неговите мегаломански соништа.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа