Нападнато семејството на Меси

 

Навивачите на Чиле го нападнале семејството на најдобриот фудбалер на Аргентина.

Чиле славеше против Аргентина на Копa Америка со 4:1 на пенали, но во текот на мечот се случил инцидент кога семејството на Лионел Меси било нападнато на стадионот, јавуваат тамошните медиуми.

Инцидентот се случил пред крајот на првиот дел кога фановите на Чиле почнале да го навредуваат семејството на фудбалерот на Барселона.

Непознат навивач го удрил братот на Меси, по што од безбедносни причини неговото семејство било префрлено во телевизиската кабина.

Покрај семејството на Меси, нападнато било и семејството на Серхио Агуеро.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега