Видео надзор во училиштата - најдобра превенција од инциденти

 

Зголемениот број инциденти помеѓу младите во училиштата ја отвори дебатата кај надзорните органи за заштита на личните податоци и за тоа која е придобивката од користењето на видео надзорот во училиштата.

Дирекцијата за заштита на лични податоци во следните три дена организира работилници за директорите на училиштата, наставниците и професорите за да ги запознае со законските обврски, правилниците и постапката за воведување видео надзор и снимање.  

Како што истакна инспектор Билјана Волческа, секое училиште кое планира да инсталира систем за видео надзор претходно треба да подготви анализа за инцидентите кои претходно се случиле, на кој простор се случиле, кој простор од училиштето е потенцијално опасен.

Еден од клучните аспекти, на кои се посочи, е местополжбата на камерите и нивните технички параметри. Бројот на камерите кои ќе се инсталираат секако зависи од големината на просторт на контролорот, од нивото на сигурност кое се сака да се постигне. Се препорачува камерите од еден систем за видео надзор да се од ист вид што обезбедува ефикасно функционирање на системот. Се предупредува дека бројот на поставените камери ако е непропорционален со целите заради кои системот за видео надзор бил првично инсталиран, можноста за повреда на правото на приватност е поголема, па затоа препораката е да се инсталира онолкав број камери што ќе ја обезбедат потребната заштита на просторот. Исто така експертите наведуваат дека треба да се одреди времето кога видео надзорот ќе биде активен. Училиштето задолжително треба да ги извести вработените за вршење на видео надзорот во службени или деловни простории. Пристап до снимените материјали од видео надзорот не може да има секој вработен во училиштето туку само ограничен број овластени лица, кои ќе имаат потпишано изјави за тајност и заштита на личните податоци. 

Во Основното училиште „Григор Прличев“ во населба Железара видео надзорот со алармен систем е поставен пред повеќе од една година поради неколку големи кражби, обивања и нарушувања на сопственоста.  

- Тоа го направивме првенствено заради безбедносни причини значи заштита на сопственоста на објектот затоа што имавме за многу краток период неколку големи кражби, обивања и нарушувања, како обиени врати во канцеларија, големи кражби на ЛЦД проектори, компјутерска опрема. Не сме во можност да најмиме чуварска служба така што едно од решенијата беше ова. Можам да кажам дека од тогаш наваму нема направено никаква кражба, никаков проблем, изјави директорката на училиштето Сузана Танева.  

- На дело се вклучуваме во законската рамка, не се контролираат училници, наставнички канцеларии, гардероби, тоалети, однесувањето на наставниците... Но делот кај што е документацијата писмена анализа, правилник, писмени изјави, тој дел го немаме, изјави Танева. 

најчитано сега