ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Спасил деца од давење, па тој се удавил

Во моментот кога струјата почнала да ги повлекува девојчињата на возраст од 6 и 12 години, 23 годишниот доброволец на австрискиот Црвен крст скокнал по нив и ги спасил, но бил повлечен од силен вртлог.

Тој вчера не бил на должност. Одмарал покрај Дунав во австриското место Штокерау. Кога струјата почнала опасно да ги повлекува двете девојчиња. веднаш се фрлил во реката по нив.

Девојчињата ги извлекол на сигурно, но силен вртлог го повлекол кон дното на реката.

Голема спасувачка екипа пристигнала наскоро, составена од пожарникари, лекари, санитетски хелокоптер, но кога момчето било извлечено, му немало спас.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега