Шок за Балканот: Почина поранешен фудбалер на Црвена звезда

Шокантна вест ја потресе фудбалска Србија и кинескиот тим Џиндао Хаинију. Српскиот фудбалер Гораг Гогиќ починал во Кина по тренингот со својот клуб во кој оваа година пристигна од Црвена звезда.

fudbaler-pocina-500

Гогиќ во петокот попладне по тренингот, пренесуваат српските медиуми, во автобусот одеднаш загубил свест, итно бил префрлен во болница, но лекарите не можеле да му помогнат и во 23 часот вечерта констатирана е негова смрт.

Кинеските медиуми јавуваат дека 29- годишниот фудбалер изледал добро на тренингот и по него, наводно се смеел и разговарал со колегите од тимот и никој не претпоставувал дека ќе се случи трагедија.

Гогиќ во Кина замина по освоената титула со Црвена звезда, а играше на позицијата стопер. Роден е во Врбас, а играше уште за Јединство, Чукарички, Напредак Крушевац, Јавор, Јагодина и во Црвена звезда пред да замине во Кина.

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа