Добро платени работни места на кои луѓето се чувствуваат мизерно

Ниту една работа не е лесна, но некои луѓе имаат привилегија на своето работно место да се чувствуваат добро и да го работат тоа што го сакаат, без разлика колку плата земаа за нивната работа.

 

Ниту една работа не е лесна, но некои луѓе имаат привилегија на своето работно место да се чувствуваат добро и да го работат тоа што го сакаат, без разлика колку плата земаа за нивната работа.

Ова се пет занимања кои се наоѓаат на врвот на листата на Форбс, како работа која ве чини да се чувствувате мизерно.

 

Доктор

И покрај тоа што е една од најпочитуваните професии, лекарите изразија големо незадоволство со нивната работа. Во анкетата, само 6 отсто од лекарите искажале задоволство од работата што ја извршуваат секој ден. Дури 40 отсто од испитаниците се одлучиле дека би одбрале друго занимање, кога повторно би бирале.

Банкар

Работата во банка е многу исцрпувачка, а оптоварувањето е неподносливо до таа мера што дури и големите плати не можат да го надоместат незадоволството. Младите банкари мора да знаат дека во првите години од вработувањето нивниот живот ќе биде потполно предаден на работата. Немаат време за социјален живот, но секако ќе имаат поголема плата од врсниците кои работат на други работни места кои бараат помалку вложување.

Директор на продажба

Да се биде добар продавач не е лесно. Секојдневни состаноци, преговарање и едукацијата знаат да бидат многу стресни. Да се дојде до местото директор на продажба не е лесно, зад тоа стои напорна работа и труд. Стресот кој го чувствувате лошо влијае на вас и поради тоа ќе морате да донесете одлука која скапо ќе ве чини.

Стоматолог и адвокат

Адвокатите се наоѓаат на  врвот на најнесреќните занимања на листата на Форбс. Додека тие имаат три пати поголема веројатност да станат депресивни, стоматолозите избрале занимање кое има највисока стапка на самоубиства. Иако тоа се добро платени занимања, луѓето не ги ценат доволно, а уште помалку им оди во прилог тоа што никој не сака да оди кај адвокат или стоматолог.

Извор: Курир

 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега