Мистерија: Поранешен НБА кошаркар пронајден мртов во базен

Поранешниот НБА кошаркар Џексон Вроман (34) е пронајден мртов во базенот во неговата куќа во Лос Анџелес.

Информацијата на Твитер ја објави екипата на Феникс Санс, за која Вроман своевремено настапуваше. 

Несреќниот Либанец настрадал под сеуште неразјаснети околности. Истражните органи на Лос Анџелес потврдија дека е пронајден мртов во базенот на неговата куќа во вторникот наутро.

- Нема знаци дека некаде ја удрил главата. Немал никакви хронични проблеми со здравјето кои би можеле да бидат причина зошто е пронајден на дното од базенот, изјави лекарот кој ја констатирал смртта.

Вроман беше избран од Чикаго на драфтот во 2004 година како 31. пик, а во текот на неговата НБА кариера одиграл вкупно 87 натпревари за Феникс и Њу Орлеанс со просек од 3,3 поени и три скока по натпревар.

Настапувал и за клубови од Шпанија, Јужна Кореа, Кина и Филипините.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега