Фејсбук го промени логото

Фејсбук го промени логото, но на прв поглед речиси е невозможно да се воочат разликите.

Имено, се работи за минимални измени на фондот, а најмногу се гледа промената на буквата „а“. Боите се останати исти, како и верзијата на логото каде се појавува само буквата „ф“.

Фејсбук последен пат го промени лотото во 2005 година, а компанијата соопшти дека промената е направена со цел логото да изгледа „попристапно“ и „поедноставно за користење“.

Дизјанот го потпишуваат дизајнерите на Фејсбук, на чело со креативниот директор Џош Хигинс, во соработка со Ерик Олсон од „Процес Тајп Фаундари“.

- Откако ги испитавме сите операции, заклучивме дека е доволен само редизајн, а не целосно нов дизајн, изјави Хигинс.

Новата верзија на логото ќе се појави наскоро. 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега