Поради пожар евакуиран Централниот терен на Вимблдон

Алармот за пожар се активира синоќа на Централниот терен на Вимблдон, веднаш по завршувањето на мечот меѓу Серена Вилијамс и Тимеа Бабош, по што организаторите одлучија да ги испразнат трибините.

Противпожарната служба брзо реагираше и го изгасна пожарот кој настана поради дефект на електричната инсталација.

- Гем, сет и меч, беше реакцијата на пожарникарите кои на оригинален начин соопштија дека интервенцијата заврши и се е во најдобар ред без никакви проблеми за трите илјади присутни гледачи.

„Ол Ингланд клуб“ нема никаква материјална штета и се очекува денеска на овој терен да продолжат  предвидените мечеви.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега