Што велат метеоролозите за утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени, а дневната од 25 до 32 степена. Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. И натаму следува период на претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе бидат без поголеми промени.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа