Важно известување за сите клиенти на Комерцијална Банка кои патуваат во Грција

Со оглед на актуелната состојба во Грција и воведувањето на капиталните контроли, Комерцијална Банка АД Скопје ги известува своите клиенти-корисници на картички, дека врз основа на комуникацијата со компаниите Visa International Inc. и MasterCard Worldwide Inc., во моментов нема да има никакви ограничувања од страна на Банката при користење на нејзините картички во Грција.

Корисниците на картички издадени од Комерцијална Банка АД Скопје, кои патуваат во Грција ќе бидат во можност да ги извршуваат трансакциите на вообичаен начин и да ги користат картичките без ограничувања и рестрикции при подигнувањето на пари од банкомат и во трговија.

Корисниците на картички Visa и MasterCard, издадени од Комерцијална Банка АД Скопје треба да бидат свесни дека би можело да се појават благи нарушувања од аспект на тоа дека некои трговци би можеле да бараат готовинско плаќање наместо плаќање со картичка. Со оглед на тоа, клиентите кои патуваат во Грција би било препорачливо да носат доволно готовина со себе.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега