Македонците во Албанија го добија првиот информативен портал на мајчин јазик

Македонците во Албанија го добија првиот информативен портал на македонски мајчин јазик. Од денеска со работа почна првиот информативен портал на македонски јазик во Албанија (www.pustec.com), кој ќе има за цел на македонски мајчин јазик да ги информира Македонците кои живеат во Албанија, но и пошироко.

Од редакцијата на порталот Пустец информираат дека целта е жителите Македонци навремено и точно на македонски јазик да бидат информирани за случувањата во Албанија, Македонија, регионот и светот.

Од таму додаваат дека со овој проект ќе успеат да го зачуваат и ќе придонесат за збогатување и усовршување на македонскиот јазик кај жителите Македонци кои живеат во Албанија.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега