Трагедија: Детенце загина на скопските улици
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди.
Во петокот се случиле 10 сообраќајни незгоди, а од нив седум се со последица материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден пешак и еден велосипедист, додека во саботатаизвршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив кај пет е утврдена материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници. Се случила и една незгода со едно загинато лице во 19 часот и 10 минути на крстосницата од улиците „Џон Кенеди“ и „Дижонска“. Во несреќата учествувале патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски таблички, управувано од 21-годишен скопјанец и пешак, 11-годишно детенце кое починало на лице место.
Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на мотоцикл и еден сопатник.
Во неделатата извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на мопеди.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа