Измамени делчевчанец и кумановчанец останаа без 375.000 денари

44-годишниот кумановчанец  Г.Д. си зработи кривична пријава за „измама“.

Кумановчанецот со лажно прикажување на факти измамил две лица од Делчево и Куманово. Тој со нив склучил договори за купопродажба на две патнички возила, ветувајќи им дека возилата ќе ги исплаќа на рати, а по извесен период пријавениот престанал со исплатата. На овој начин пријавениот ги оштетил лицата за износ од 375.847 денари.

 

 

најчитано сега