Бучковски: Судиите им се додворуваат на авторитетите - судската одлука е скандалозна

Поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски, кој денеска заработи три години затворска казна за случајот „Тенковски делови“ смета дека одлуката на судот е скандалозна.

- Судскиот процес се води шест години и продолжува тенденцијата за додворување на судиите на авторитетите. Нема ниеден доказ против мене. Апелацискиот суд даде насоки за ослободителна пресуда, меѓутоа судијката очигледно немаше храброст, изјави Бучковски.

Според адвокатот на Бучковски, Никола Поленак пресудата е „виртуелна”, бидејќи против екс министерот немало ниту еден доказ.