Ова се путиновите крвави непријатели кои убиваат низ цела Русија - ги има околу 15.000 и доаѓаат по него

 

Водачот на терористичката група познат под името Кавкаски емират во пропагандното видео наведе дека неговата организација се обединува со Исламската држава како би ги сечеле главите на неверниците. Лидерот на терористичката група познат под името Кавкаски емират Азијан Бутукајев објави дека екстремистичката организација се обврзала на верност на Исламската држава. Бутукајев во пропагандното видео наведе дека неговата организација која од 2007 година извела повеќе од 900 терористички напади на тлото на Русија, се обединува со Исламската држава за да ги сече главите на неверниците. Инаку терористичката група која е под негова команда брои околу 15.000 луѓе. Кавкаскиот емират контролира и екстремистички организации во Чеченија. Според некои проценки Какваскиот емират брои вкупно 15.200 луѓе а делува во Чеченија, Дагестан и Ингушетији. Еден од најкрвавите напади на Чеченците во Русија се случи во 2013 година, во Волгоград кога една жена самоубица активираше експлозив на железничката станица и во таа прилика усмрти најмалку 16 лица.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега