Почнал да пука на забава во Њујорк при што ранил осум лица

Осумина се повредени на една забава во Њујорк откако кон нив било пукано од огнено оружје од еден од гостите на журката. Забавата се случувала во квартот Бруклин во Њујорк а настраданите биле четворица мажи и четири жени. Една од жените се наоѓа во критична состојба. 

Според првичните информации, еден од гостите на забавата почнал да пука, по што домаќините го замолиле да си замине.

Во тек е истрага во врска со инцидентот. 

најчитано сега