И Мајли Сајрус го менува полот - ќе стане Мило

 

Пејачката неодамна призна дека е бисексуална и дека е во врска со девојка, а родителите ја поддржуваат во намерата да стане машко. Дваесет и двегодишната пејачка одлучи да го промени полот и да стане Мило Сајрус.

„Слушам дека наскоро ќе станам татко на уште еден син. Само сакам да мојата ќерка биде среќа со она штое“, изјавил во интервју Били Реј Сајрус педесети и тригодишниот нејзин татко, кој ги потврди гласините дека таа сака да стане тој, односно да го промени полот.

„Не можам да говорам за деталите, но Мајли одлучи затоа што многу е контроверзна. Како семејство ние се подготвени на сите последици“, изјавил Били.

Пејачката која кариерата ја започна како глумица во Дизнеловата серија „Ханах Монтана“, во последните две години не престанува да ја шокира јавноста со своето однесување, но се чини дека промената на полот е нешто за што сериозно размислува. Наводно со операцијата ќе почне на крајот на јули.

Мајли прво шокираше со својот провокативен танц на доделувањето на МТВ видеонаградите 2013 година а потоа призна дека е бисексуалка.

„На мојата мајка и беше тешко да го прифати фактот дека ме привлекуваат жени еднакво како и мажи. Мислеше дека луѓето ќе ме осудуваат и дека ќе минам низ пекол. Но на крајот ме прифати“, изјави Мајли која од не така одамна е во врска со манекенката Стела Максвел (24).

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега