Македонска собраниска делегација на конференција во Берлин

Македонска собраниска делегација ќе учествува на Третата меѓународна конфереција на Законодавно-правни комисии која се одржува во Берлин. Конференцијата е организирана од Фондацијата ИРЗ, во соработка со  претседателот на Комисијата за правни прашања на германскиот Бундестаг, Зигфрид Каудер.

Од Собранието денеска информираат дека на конференцијата, ќе учествуваат пратеникот Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Законодавно-правната комисија Сузана Салиу, која е и потпретседател на Собранието на Република Македонија и Марија Рашковска - член на Законодавно-правната комисија.

Тема на конференцијата ќе биде „Законодавниот процес - Улогата и влијанието на институциите”.

Учесниците на конференцијата ќе дебатираат за законодавниот процес, учеството на граѓанското општество, професионалните здруженија, во работата на парламентот, лобирањето...

Според програмата на конференцијата, на пратениците ќе им биде презентиран и законодавниот процес во Сојузна Република Германија од перспектива на Бундестагот и Бундестратот, Сојузната влада, професионалните здруженија и бизнисот. 

најчитано сега